Месец дена притвор за разрешениот хрватски министер за здравство

Еден месец притвор добија поранешниот хрватски министер за здравство Вили Берош и бизнисменот Саша Поздер, кои се осомничени за корупција во набавка на болничка опрема.

Истрагата го опфати и шефот на загрепската невролошка клиника „КБЦ“ Крешимир Ротим, за кого судот одреди да се брани од слобода со приложена кауција.

Разрешениот хрвтаски министер за здравство, Вили Берош

Тројцата се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувања, тргување со влијание, примање мито, поттикнување незаконски услуги и злосторничко здружување за продажба на медицински помагала од австриски производител на државни болници.

Премиерот Пленковиќ го разреши Вили Берош непосредно по објавувањето на случајот.

- Реклама -