Во Битола ќе се одржи Фестивалот „Музика од светот“

Од 28 ноември до 1 декември во НУ Центар за кулура Битола, ќе се одржи фестивалот “Музика од светот“. На фестивалот, годинава освен македонски, ќе учествуваат и уметници од соседна Србија и од Франција.

Директорка на НУ Центар за култура-Битола, Маја Андоновска Илијевски ја информираше јавноста дека пред публиката ќе бидат понудени одбрани стихови од Блаже Конески, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски и Радован Павловски, а ќе бидат отсвирени и отпеани најслушани македонски љубовни песни од фестивалите во 20 век.

„Фестивалот ќе продолжи со концерт на Балканска музика со Камерен оркестар на Битола и настап на Сузана Спасовска, Благојче Трајковски-кларинет и актерот Петар Горко, следниот ден ќе настапат гости од Франција, познати како „Manolo and the voice of the Gipsy Kingс“ во која по расподот на групата Gipsy Kings, членот на групата Маноло настапува како кантавтор и ќе гостува во Битола. Фестивалот ќе заврши со концерт на Дувачки квинтет на Македонија и Дувачки квинтет на белградската филхармоија“, рече, Андоновска Илијевски.

Во предпрограмата, насловена како „поетската вртелешка“ со поетско – музички интерперетации на најубавите љубовни песни од современата македонска поезија, ќе настапат битолчанецот Бранислав Николов, член на групата „Фолтин“ и Тихомир Јанчовски.

Од НУ Центар за култура Битола информираа дека во текот на ноември и декември на сцените во таа национална установа ќе се одржат промоции на книги, филмски проекции и концерти.

- Реклама -