Германија за бирократијата троши 146 милијарди евра годишно

Прекумерната бирократија ја чини Германија до 146 милијарди евра годишно загубено економско производство, покажува најновата студија објавена денеска од Минхенскиот институт за економски истражувања (ИФО).

Пресметките се базираат на така наречениот индекс на бирократија, кој дава повеќедимензионална слика за административниот товар во различни земји.

– Големиот обем на трошоци предизвикани од бирократијата покажува дека на Германија и се потребни итни реформи, истакна директорот на Центарот за индустриска организација и нови технологии ИФО, Оливер Фалк.

Според него доколку Германија ја достигне Данска во однос на дигитализацијата на јавната администрација, нејзиното економско производство би се зголемило годишно за 96 милијарди евра.

Извршниот директор на Индустриската и трговската комора за Минхен и Горна Баварија, Манфред Гесл наведе дека е неопходно да се воведе „итен мораториум“ на бирократијата.

Прочитајте и:  Во Германија уапсен тинејџер со турско потекло, планирал терористички напад на локалниот божиќен саем

Сите барања за верификација и документација, обврски за известување и статистички извештаи, сите постојани измени на законот, барањата за заштита на податоците и административните процедури кои одземаат многу време мора внимателно да се испитаат, значително да се поедностават и во некои случаи целосно да се укинат и во Берлин и во Брисел, посочи Гесл.

- Реклама -