На 12.11.2024 во 16.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во Фазенерија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,рено“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од малолетник од Гостивар и велосипед управуван од малолетно лице од Гостивар.
Полицијата извести дека во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар- Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.