„Волшебна напивка“ за борба против настинки и болки во грлото

Постудените денови, покрај сета есенска убавина, често носат и настинки и вируси. Многу луѓе се жалат на настинки и болки во грлото, па затоа е добро да бидете секогаш подготвени бидејќи секоја настинка нема да бара посета на лекар.

Честопати можете да си помогнете без да потрошите пари во аптека и можете да ја подготвите вашата „волшебна напивка“ која за еден час ќе ја ублажи болката во грлото. Еден таков брз и чудесен напиток е „медот за грло“ кој се подготвува од само три корисни состојки кои со сигурност ги имате дома.
Потребни состојки:

мед
маслиново масло
лимон

Секоја состојка во овој домашен сируп придонесува на свој начин.
Лимоните содржат витамин Ц и природни киселини кои помагаат во борбата против инфекциите, што го намалува воспалението. Киселоста помага и во разградување на слузта во грлото.
Маслиновото масло содржи антиинфламаторни својства кои помагаат во намалување на воспаленијата, а неговата мазна текстура помага да се ублажат иритациите во грлото. Исто така маслиновото масло ја стимулира природната одбрана на телото и го одржува грлото навлажнето, што го прави овој домашен сируп уште поефективен.
Медот е познат по своите антибактериски и смирувачки својства. Има густа текстура и го премачкува грлото, што помага при горење или болка. Медот исто така може да помогне во ублажување на кашлицата и чистење на дишните патишта.
Како да го подготвите?
Сирупот се подготвува многу едноставно. Се соединуваат сите состојки и добро се мешаат. Сирупот се истура во стаклено шише или тегла со капак.
Чувајте го во фрижидер, а се препорачува да го икористите во рок од два месеци.

Извор