Возила на пешачки, тротоари…За три месеци околу 280 казни за непрописно паркирање во Гостивар

Непрописното паркирање е чест сообраќаен прекршок. Низ Гостивар секојдневно се забележуваат возачи кои ги оставаат своите возила на места каде што не е дозволено и на тој начин го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.

Паркирани автомобили има во зони на крстосници, на пешачки премини, тротоари, на самите коловозни ленти, па и на зелени површини.
„Летаат казни“, но дисциплина не се постигнува. За три месеци биле казнети речиси 280 возачи, а над 300 возила биле подгнати од пајак службата.
„Полициските службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај-Гостивар, при секојдневно преземање на мерки и активности во врска со овозможување нормален и проточен сообраќај, во период од 01.08 до 31.10.2024 година во Гостиварското подрачје изрекле вкупно 274 мерки во однос на погрешно и непрописно паркирање, додека со специјалното возило ,,пајак“ биле подигнати 308 возила кои директно го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.“, стои во информацијата на СВР Тетово.
СВР Тетово-ОВР Гостивар апелира до возачите, да ги почитуваат сообраќајните знаци, правилата и прописите во сообраќајот и да овозможуваат нормален и проточен сообраќај, да не ги паркираат нивните возила каде што ќе стигнат, со што ќе придонесат за безбеден и проточен сообраќај.

Извор