НЕОДОЛИВИ КОКОС БОМБИЦИ: Ситни и како создадени за празничните трпези што следат

Потребно е:

200 гр вода
500 гр шеќер
500 гр млеко во прав
250 гр маргарин
400 гр кокос
100 гр лешници

Подготовка:

Ставете вода на шпорет да зоврие, потоа додадете маргарин и шеќер и оставете ги да се растопат. Додадете 250 гр кокос и млеко во прав, убаво измешајте и оставете да се излади. Посебно пропржете 100 гр лешници. Од изладената смеса од кокос со раце направете топчиња, па на средина ставете го лешникот. Топчињата виткајте ги во кокос и ставете ги во фрижидер да се стегнат. Добар апетит!

- Реклама -