Невеста од Масачусетс мора да врати прстен од 70.000 долари


Врховниот суд на Масачусетс во петокот пресуди дека невестата мора да му го врати вереничкиот прстен од бреднтот „Tiffany & Co.“ вреден 70.000 долари на нејзиниот поранешен вереник.

Врховниот суд на Масачусетс застана на страната на Брус Џонсон во неговата долгогодишна правна битка со поранешната партнерка Каролин Сетино во обид да ги врати скапоцените остатоци од нивната врска, откако тој ја откажал нивната венчавка.

При донесувањето на пресудата, судот наведе дека го ажурира начинот на кој пристапува во однос на тужбите за враќање на вереничките прстени и се приклучил на „модерниот тренд“ на држави кои сметаат дека вереничките прстени се подароци кои мора да му се вратат на давателот без разлика на вината.

Адвокатот на Сетино, Николас Розенберг, рече дека пресудата е разочарувачка, велејќи дека „идејата за веренички прстен како условен подарок се заснова на застарени сфаќања“.

Адвокатот на Џонсон одбил да коментира за медиумите.

Тужбите со кои се бара враќање на прстените се последниот преостанат вид судски спор за прекин на свршувачката, признаен во американските судови, откако државите во 1930-те почнаа да ги отфрлаат барањата за душевна болка што жените претходно можеа да ги бараат кога брачниот завет бил поништен.

Повеќето држави првично го следеа пристапот усвоен од судот во Масачусетс во 1959 година, според кој давателот на свршеничкиот прстен има право на враќање на парите сѐ додека лицето не е „виновно“ за поништувањето. Тој принцип управуваше со спорот во понискиот суд омеѓу Џонсон, пензиониран инженер во „Siemens“, и Сетино, поранешна учителка.

Џонсон ја откажал планираната венчавка со Сетино во 2017 година, откако ја видел како разменува пораки со друг маж и се посомневал дека има афера. Сетино ги негира наводите на Џонсон, велејќи дека таа и мажот со кој се допишувала биле пријатели со децении.

Во 2018 година, Џонсон ја тужеше Сетино со барање да го врати прстенот кој чинел 70.000 долари со кој ја запросил, но судијата тогаш пресуди дека тој се излажал самиот себеси за аферата и дека нора да сноси вина за нивната разделба.

Апелациониот суд ја укина одлуката, што доведе до жалба до државниот вишиот суд.

Адвокатот на Сетино побара од судот да го избегне пристапот со „јасно родовиот“ третман на прстенот како подарок условен од бракот и наместо тоа да го следи Врховниот суд на Монтана од 2002 година кој го усвои пристапот без враќање.

Судот одби да го стори тоа, а судијката Далила Аргаез Вендланд наведе „речиси универзалното разбирање на вереничките прстени како подарок условен со последователен брак“.

- Реклама -