Уметничко дело направено од вештачка интелегенција продадено за над 1 милион долари

Слика создадена со вештачка интелигенција од Алан Туринг – математичар за време на Втората светска војна е продадена за 1.084.800 долари на аукција.

Сотби соопшти дека за време на аукцијата имало 27 понуди за оваа дигитална уметност создадена од „A.I. God“. Првично, вредноста на оваа уметност била проценета од 120.000 долари до 180.000 долари. Математичарот Туринг беше пионер на компјутерската наука и познат како татко на вештачката интелигенција.

Аукциската куќа изјави дека оваа продажба може да биде „чекор напред“ за уметностите создадени од роботи предводени од вештачката интелегеницја.

Делото е оригинален портрет од Тјуринг, кој студирал на Кралскиот колеџ, Кембриџ.
Научникот играше клучна улога во победата на сојузниците над нацистичка Германија во Втората светска војна, помагајќи да се пробијат шифрите и да се дешифрира злогласната машина Енигма во паркот Блечли.

Прочитајте и:  Уметникот што ја создаде бананата залепена на ѕид: Делото е провокација за вредноста на уметноста

Сотби изјави дека ова уметничко дело било купено од неидентификуван човек, за цена неколку пати поголема од првичната проценка направена од аукциската куќа.

- Реклама -