Хуманитарен концерт во Гостивар за помош на Ивица Срезоски

Кон крајот на месецов во Гостивар ќе се одржи хуманитарен концерт со настап на македонски изведувачи, со цел да се соберат средства како донација за помош на гостиварецот Ивица Срезоски.

Срезоски боледува од спиноцеребрална атаксија, болест која му создава бројни здравствени проблеми и му го отежнува секојдневното живеење. Надеж за подобрување и можност самостојни да застане на нозе и да се движи гледа во третмен и лекување во клиника во Ниш, Србија, за што се потребни 20.000 евра.
Концертот ќе се одржи на 26-ти ноември во 19 часот во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар. Билетите чинат 200 денари, а отворени се и телефонски броеви за донации:
А1
143-487
Телеком
143-141

Извор