Освен со новоизбраниот претседател, Бајден разговарал и со актуелната потпретседателка Камала Харис, „честитајќи ѝ за нејзината историска кампања“
По Камала Харис, и aктуелниот американскиот претседател Џо Бајден телефонски му честита на својот наследник, републиканецот Доналд Трамп, за победата на изборите за претседател на САД.
Во разговорот, Бајден ја нагласил важноста да се работи за зближување на САД и го поканил Трамп на средба во Белата куќа. Датумот за средбата, според официјален претставник на Белата куќа, ќе биде прецизиран наскоро.
Освен со новоизбраниот претседател, Бајден разговарал и со актуелната потпретседателка Камала Харис, „честитајќи ѝ за нејзината историска кампања“.
Претходно денеска честитки до Трамп упати и Харис, порачувајќи му да биде претседател на сите Американци.
За во четврток, најавено е обраќање на Џо Бајден до нацијата.