ЦО на СДСМ: Конгрес за избор на ново партиско раководство ќе се одржи на 24 ноември

„Согласно одлуката на Централниот одбор, на 30. Конгрес ќе бидат предложени измени на Статутот на СДСМ со воведување на уште еден организациски секретар и со прецизирање на принципите на родова еднаквост за избор на заменик претседател на СДСМ. Воведувањето на два организациски секретари е поради потребата од засилување и подобрување на оперативната работа на партијата“, соопштија од СДСМ

За само пет месеца Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги изневерија граѓаните и ги показија сите изборни ветувања пред и за време на изборната кампања. Власта спроведува погрешни економски политики поради кои животниот стандард на граѓаните опаѓа, цените растат, а се намалуваат платите, додека на грбот на граѓаните се товарат нови долгови. Ова е оценката која била донесена на денешната попладневна седница на Централниот одбор на СДСМ на која, како што информираат од партијата, се разговарало за актуелната политичка и економска состојба во земјата а беа донесени и неколку одлуки.

„Секојдневно се случуваат бројни скандали и злоупотреби за кои нема одговорност од власта, се спроведува брутална партизација на институциите и целосно истиснување на професионалците. Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ досега не испорача никаков резултат, ја загрози европската перспектива на земјата и Македонија ја води во голема неизвесност“,

велат од СДСМ.

Во однос на внатрепартиските постапки во рамки на СДСМ, Централиот одбор донел одлука на 24 ноември да се одржи 30. Конгрес на СДСМ на кој што ќе се избере новиот Централен одбор од кој ќе произлезе новиот извршен одбор и идното партиско раководство и на кој ќе се разговара за идните политики на партијата.

„Согласно одлуката на Централниот одбор, на 30. Конгрес ќе бидат предложени измени на Статутот на СДСМ со воведување на уште еден организациски секретар и со прецизирање на принципите на родова еднаквост за избор на заменик претседател на СДСМ. Воведувањето на два организациски секретари е поради потребата од засилување и подобрување на оперативната работа на партијата“,

соопштија од најголемата опозициска партија.

- Реклама -