Полицијата денеска изврши претрес во канцелариите на компанијата Нетфликс во Франција и Холандија, поради сомневања за финансиски злоупотреби, соопштија судските власти.
Француските и холандските власти соработуваат неколку месеци на истрага за даночно затајување, изјави француски функционер кој сакаше да остане анонимен.
Француската полиција изврши претрес во француското седиште на Нетфликс, соопшти судот, додавајќи дека истрагата за случајот почнала во 2022 година.
Во Холандија, холандските обвинители извршија рација и во европското седиште на Нетфликс во Амстердам.
Ема Босма, портпаролка на Националната канцеларија за сузбивање на измами, еколошки криминал и конфискација на имот, рече дека рацијата била извршена на барање на француските власти.
Нетфликс веднаш не одговори на писменото барање за коментар за рациите и истрагата.
Компанијата Нетфликс е основана во 1997 година и моментално е најголемиот сервис во светот за стриминг филмови и серии.