Горан Весиќ и официјално ја поднесе оставката во српската Влада

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, денеска поднесе оставка од функцијата поради несреќата на Железничката станица во Нови Сад во која загинаа 14 лица, пренесе Бета.

Весиќ синоќа најави дека ќе го стори тоа, а денеска поднесе оставка до Владата на Србија, напиша самиот на социјалната мрежа (Х).

Во оставката тој додаде дека ја напушта функцијата со чиста совест и е горд на резултатите кои остануваат зад него.

Прочитајте и:  Брнабиќ: Ќе ja утврдиме политичка одговорност за Нови Сад
- Реклама -