Земјотрес со јачина од 2 степени вечерва е регистриран во Скопје и околината

Информацијата ја потврди Телеметриската сеизмолошка мрежа на РСМ, на сеизмолошките станици инсталирани низ државата, а одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Вечерва во 20:35 часот во околината на Скопје е регистиран земјотрес со јачина од два степени според Рихреровата скала, информира Телеметриската сеизмолошка мрежа на РС Македонија.

Оттаму информираат дека епицентарот е во скопското подрачје.

Во 19:30 часот, пак, како што информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) е регистиран земјотрес на македонско-косовската граница.

Засега од ЕМСЦ не објавија детали за земјотресот, ниту која е неговата јачина.

- Реклама -