Вчера (2.11.2024 година) во ОВР Гостивар, 45 годишниот гостиварец Ц.М. пријавил кражба на велосипед од страна на две малолетни лица.
„По преземени мерки и активности во 17.10 часот поради основано сомнение за сторено кривично дело – „кражба“, полициски службеници од ОВР Гостивар во присуство на нивни родители, ги привеле двете две малолетни деца, кои ја извршиле кражбата на велосипедот.“, информира СВР.
Украдениот велосипед бил пронајден и вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот и ќе следува соодветен поднесок.