Бебе старо осум дена починало на Детската клиника, било донесено од Струмица во тешка состојба

Во изјава за МИА, од Клиниката посочиле дека се работи за предвремено родено бебе со мала тежина и со тешка форма на сепса

Бебе старо осум дена вчера починало на Клиниката за детски болести во Скопје, потврдиле оттаму за МИА.

Бебето било донесено од Струмица во тешка здравствена состојба.

Од Клиниката посочиле дека се работи за предвремено родено бебе со мала тежина и со тешка форма на сепса.

- Реклама -