Поради ретката крвна група, на националните листи немало реципиенти за другите органи
Двајца пациенти со ретка крвна група вчера на хируршките клиники добија бубрег од починат донор и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа, информираат од Министерството за здравство.
„Пациентите кои примија органи се со уреден постоперативен тек. Им посакувам брзо закрепнување и долг живот. Изразувам посебна благодарност на семеството на донорот, кои во најболен момент на лична загуба, се одлучија да ги донираат органите, покажувајќи силна емпатија и човекољубие кон пациентите кои чекаат трансплантација. Изразувам благодарност и на медицинските тимови од сите клиники кои беа вклучени во процесот на трансплантација“,
изјави проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.
Поради ретката крвна група, овојпат на националните листи немало реципиенти за другите органи.