Инаку, ова е втор руски напад врз вториот по големина град во Украина, Харков за помалку од шест часа
Четири лица загинале во напад што рано утрово го извршиле руските сили врз украинскиот град Харков, соопштил градоначалникот Игор Терехов, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).
Нападот бил извршен во областа Основјанск каде, според градоначаникот, покрај човечките жртви била оштетена и цивилна инфраструктура, меѓу која и станбени згради.
Инаку, ова е втор руски напад врз вториот по големина град во Украина за помалку од шест часа.
Во претходниот напад, како што изјавил Техоров, девет лица биле ранети, а цел бил центарот на Харков.
Истовремено, Русија рано утрово извршила напади со дронови врз главниот град на Украина, Киев, во кој според градоначалникот, Виталиј Кличко биле повредени најмалку шест цивили.