Мистиката на земјата на сонцето – Јапонија во Limak Skopje Luxury Hotel

Јапонска крем супа чаванмуши (chawanmushi), крокети од говедско месо короке (korokke), пржено пилешко месо на јапонски начин (karaage), и познатиот  десерт   од јапонски зелен чај мача, беа дел од менито на јапонската вечер што се одржа во Limak Skopje Luxury Hotel. Врвниот готвачки тим на Limak Skopje Luxury Hotel подготви вистински јапонски гурмански специјалитети, а целокупниот амбиент беше во традиционален јапонски стил, со автентични пијалаци и јапонска музика.

Limak Skopje Luxury Hotel стана познат по тематските настани кои ги приредува во својот ресторан, во кој гостите барем на една вечер можат да ја почувствуваат автентичната култура на одредена земја и да научат нешто ново за неа. Досега, во Limak Skopje Luxury Hotel беа организирани аргентинска, шпанска, ориентална, српска, грчка и италијанска вечер.

Прочитајте и:  Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции

Limak Skopje Luxury Hotel

- Реклама -