Потпишан договорот со Владата за доделување 2,7 милиони евра за проекти во Гостивар

Градоначалникот на Општина Гостивар, Ваљбон Лимани денеска го потпиша договорот за добивање финансиски средства од Владата за реализација на 13 одобрени инфраструктурни проекти, од првата транша од унгарскиот заем, пари наменети за капитални инвестиции во општините.

Овие средства се дел од унгарскиот заем што на 8 октомври во Будимпешта во име на Владата го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
„На овој начин, како никогаш досега, се создаваат финансиски можности за развој на нашиот Гостивар!“, напиша Лимани на фејсбук по потпишувањето на договорот.
Како што веќе информиравме, Владата одлучи на Гостивар да додели 162 милиони денари или приближно 2,7 милиони евра за вкупно 13 проекти.

Извор