Охридскиот аеродром ќе биде изработен од SoFly во соработка со Sky High Solutions и според нив ќе биде досега најсложена детална верзија на овој аеродром. Користејќи ги лекциите научени од претходните проекти како што е аеродромот во Кардиф (EGFF), програмерите успеале реално да ја доловат средината и атмосферата од Охрид.
Додатокот ќе има прилагодени текстури, анимирани хангари кои одговараат на времето од денот и динамични елементи како што се поместување на вратите на аеродромот и бариери за паркирање кои реагираат на близината на играчите.
Покрај деталите на аеродромот, креаторите најавуваат дека играчите ќе може да уживаат и во околината летајќи од и до аеродромот, како што е планитата Галичица, Охридското Езеро, но и селата Пештани и Трпејца.
Сценографијата ќе вклучува детални прикази на аеродромските капацитети, обезбедувајќи реална симулација и за кратки и за регионални летови.
SoFly потврди дека и покрај тоа што првичното издание ќе биде за Microsoft Flight Simulator 2020, се планира бесплатно ажурирање за да се обезбеди компатибилност со претстојниот Microsoft Flight Simulator 2024. Оваа надградба ќе им овозможи на играчите беспрекорно да го префрлат додатокот на новата платформа без никакви дополнителни трошоци.
Објавувањето на аеродромот се очекува овој месец, а дополнителни детали за цените и достапноста на пазарот ќе бидат објавени наскоро.