„Во ова време на предизвици на СДСМ, од клучно значење е одржувањето на единството и колегијалноста. Недостаток на серипозен политички однос и реално поимање на ситуацијата може да доведе до нова дестабилизација во нашите редови“, напиша струмичкиот градоначалникм коментирајќи ја изјавата на колегата од Општина Центар
Не се работи за избрзана одлука, туку за решителност да ги заштитам интересите на моите сограѓани. Се надевам дека и ти, со истата посветеност ќе ги штитиш интересите на граѓаните на Општина Центар. Ова денеска го порача градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов на својот колега, градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, во врска со одлуката за напуштање на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). која Герасимовски ја оцени за избрзана, за што посочи дека градоначалните на опозицијата треба да се координираат.
„Во ова време на предизвици на СДСМ, од клучно значење е одржувањето на единството и колегијалноста. Недостаток на сериозен политички однос и реално поимање на ситуацијата може да доведе до нова дестабилизација во нашите редови“,
напиша Костадинов на својот фејсбук-профил.
Во овој момент, посочи оти е поважно да се размислува на поддршка на одлуките, отколку да се констатира или да се толкува.
„Политички став или партиска кариера се градат исклучиво на постулатот на единството. Така било, така е и ќе биде. Само силни и сплотени можеме да биеме битки“,
вели градоначалникот на Струмица.
Градоначланикот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска во гостување на радио-емисија рече дека е евидентно оти Општина Струмица изминатиот период се соочува со одредени притисоци и можни политички влијанија, но за избрзана ја оцени одлуката на градоначалникот Костадинов за напуштање на ЗЕЛС.
Смета дека е потребна координација на сите градочалници од опозицијата на која ќе ќе заземат позиции како во иднина да делуваат.
Струмичкиот градоначалник пред два дена соопшти дека Општина Струмица ќе ја напушти ЗЕЛС, како и дека одлуката е донесена во знак на револт поради индиферентниот однос во периодот кога струмичани се соочуваат со забрана за водата за пиење, како и по одбивањето од Владата за реализација на единствениот пријавен проект од оваа општина со средства од унгарскиот кредит.