Иран соопшти дека се погодени три локации и е предизвикана „ограничена“ штета
Иранската армија соопшти дека двајца нејзини војници се убиени во израескиот воздушен напад во текот на ноќта, јавуваат иранските државни медуми.
„Армијата на Исламската република Иран во одбрана на безбедноста на Иран и заштитата на народот и интересите на државата, жртвуваше двајца свои борци, спротивставувајќи им се на ракетите на криминалниот ционистички режим“,
се вели во сооштението од иранската војска.
Иран соопшти дека се погодени три локации и е предизвикана „ограничена“ штета.
Како што пренесува „Гардијан“, овие напади се одговор на континуираните бомбардирања на иранската војска врз Израел.
Овој потег како да се се очекуваше по нападот на Техеран врз Израел претходно овој месец.
Најмалку седум експлозии се пријавени на небото над главниот град Техеран и блискиот Карај, како и во источниот град Машхад.