Гала филмска вечер „Најдоброто од Франција“ ќе биде организирано на 30 октомври во 20 часот во киното „Синеплекс“ при Скопје сити мол. Ќе биде прикажан филмот „Нешто малку поинакво“. Проекцијата е во рамките на 50-годишнината од основањето на Францускиот институт во Скопје. Се работи за ексклузивна премиера во регионот на најуспешниот филм во последните 10 години во Франција, со досега продадени над 10 милиони влезници. Филмот е во режија на Артус, а главните улоги ги толкуваат Артус, Кловис Корнијак и Алис Белаиди. Филмот ќе се прикажува во „Синеплекс“ од 31 октомври.