На големата сцена на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ денеска премиерно беше одиграна претставата за деца „Мачорот во чизми“ работена според приказната на Шарл Перо, во драматизација на Катерина Момева, а во режија на Деан Дамјановски. Сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева автор на музиката е Сашко Костов, а кореографијата на Мара Каревски.