Презентација на „Бунтовнички игри“, посветена на жени од историјата на Македонија кои се бореле за правда се одржа вчера на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Станува збор за сет од неколку игри – магнетни парови, флеш картички со факти, меморија итн., кои се дел од кампањата „Биди чудо од девојка“ спроведена од Националниот младински совет на Македонија во партнерство со Мрежата „Стела“ и со поддршка од Британска амбасада во Скопје.