Промоција на „Вештица“ од Венко Андоновски на Саемот на книгата во Белград

На 22 октомври, во 14 часот, во салата „Васко Попа“ на Белградскиот саем на книгата, ќе се одржи промоција на српското издание на романот Вештица на Венко Андоновски. По одличниот успех на бугарското издание на романот, Вештица доживува веќе трето издание на српски јазик. Првите две беа објавени во Бања Лука, во превод на Гордана Јовиќ – Стојковска, а ова е прво издание на територијата на Република Србија. Издавач е „Кораци“ од Крагуевац, а преводот овој пат е на Љиља Цревар.

- Реклама -