Во Гостивар откриен мурал со ликот на д-р Трајче Нешковски

Во рамки на активности во чест на д-р Трајче Нешковски, кој пред четири години го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа, денеска беше откриен мурал со неговиот лик во гостиварската населба „Малеарди“. Тридневните активности завршуваат денеска попладне со меморијалниот турнир во мал фудбал.

На пригодниот настан што го организираше Хуманитарното здружение д-р Трајче Нешковски беше прикажан и видеофилм, во кој негови другари и колеги зборуваа за делото на прерано починатиот лекар.

– На овој настан му претходеа крводарителска акција и музичка вечер чиј приход е наменет за хуманитарни цели и имаше забава за најмладите на градскиот плоштад. И оваа година, како и претходните намерата е да овозможиме за секого по нешто, но и да ја продолжиме хуманата мисија на д-р. Трајче, кој беше и остана синоним за човечност и солидарност, рече Ема Нешковска, основач на здружението и сопруга на починатиот лекар. Со дел од средставта во населбата каде живееше Нешковски, ќе се уреди дестско катче со донирање на опрема.

Прочитајте и:  При ископ на канал пред Основен Суд Гостивар најдени гранати

Овој лекар, на гостиварци им беше познат и по неговото делување во политичката партија СДСМ, па по тој повод денеска во Гостивар присуствуваа и функционери на од оваа партија, меѓу кои и лидерот Венко Филипче. Тој посочи дека од овој настан се испраќа порака дека човечноста и хуманоста се над сè.

– Трајче Нешковски беше доктор кој во најтешките времиња за здравствениот систем и државата во КОВИД кризата, несебично и работеше деноноќно. Ние го познававме како чесен човек, одличен и храбар другар и тоа се вредностите кои денес ги промовираме, рече Венко Филипче. лидерот на СДСМ по настанот.

Во поплапдневните часови треба да завршат и натпреварите на шест екипи во мал фудбал кои се одигруваат во гостиварската гимназија.

- Реклама -