По шест години пауза, модниот бренд Victoria’s Secret одржа гламурозна модна ревија во Њујорк. Настанот го красеа познати супермодели кои беа дел од најпознатото прикажување на „Ангелите на Викторија“.
На модната писта во Њујорк се прошетаа Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Кендис Свонепул, Бехати Принсо, Џиџи Хадид, Бела Хадид, Ирина Шајк, Тајра Бенкс, Кејт Мос, Карла Бруни, а меѓу нив беше и претставничката на плус сајз моделите Ешли Грејам.
Тоа беше и прво претставување на плус-сајз модел на ревијата на „Ангелите на Викторија“.
Последната ревија се одржа во 2018 година, а овогодинешната ревија ги врати гламурот и раскошот што само овој бренд може да ги пружи.
the Victoria’s Secret angels are back pic.twitter.com/lLo89OeTIb
— Noni (@catnoniii) October 16, 2024
Пистата беше исполнета со луксузни светла и сензационални комбинации, а настанот со нејзините хитови го красеше легендарната пејачка Шер.
Cher, at the Victoria’s Secret show, with angels. pic.twitter.com/1xne36E9kA
— Vanessa Friedman (@VVFriedman) October 16, 2024