Вечерва на РУТА во Драмски, кабарето Концерт за лажици и гитара од Хрватска

Вечерва на фестивалот РУТА настапуваат гостите од Хрватска. Актерите  Никола Недиќ и Марио Јовев со кабарето – „Концерт за лажици и гитара“ работено под менторство на Раде Шербеџија и Ленка Удовички настапуваат веќе 9 години. Имаат над 100 изведби во Хрватска, а поради универзалноста на темите обработени во кабарето настапуваат во целиот регион на задоволство на публиката која ги препознава емоциите на обичниот човек. Гостувањето на РУТА е нивно прво гостување во Македонија и се надеваат на убав прием на публиката во Драмски театар.

- Реклама -