Голема полициска акција во Струмичко-гевгелискиот Регион

Aкцијата ja води јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција

Голема полициска акција вечерва се спроведува во Струмичко-гевгелискиот Регион, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Aкцијата е под водство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

Засега нема дополнителни информации за акцијата.

Со детали за случајот се очекува МВР и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да се произнесат во текот на утрешниот ден.

Во меѓувреме, дел од медиумите неофицијално, повикувајќи се на полициски извори, пренесуваат дека во акцијата се уапсени 30-ина цариници и полициски службеници.

- Реклама -