„Еден е Мухамед Али“ наградена за најдобра претстава на фестивалот „Отело“ во Гостивар

Со изведба на театарот од Урошевац и свеченото доделување на фестивалските награди, вчеравечер се заокружи осмото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ во Гостивар.

За најдобрата актерка беше прогласена Марсела Лена за улогата во претставата на театарот од Лариса, Грција, додека за најдобар актер Ермин Сијамија за улогата во „Еден е Мухамед Али“ на Народниот тетара Сараево (БиХ), која воедно ја понесе и наградата за најдобра претстава на фестивалот. Признанието за најдобар режисер годинава го доби Дино Мустафиќ, кој ја режираше приказната за Мухамед Али.

Фестивалот „Отело“ се одржуваше од 7 до 12 октомври на сцената на Центарот за култура АСНОМ во Гостивар, каде беа поставени шест драмски престави.
„Отело“ го организира истоименото здружение од Гостивар, со поддршка од Министерството за култура, Општина Гостивар и Центарот за култура АСНОМ.
фото:Театарски фестивал Отело

Извор