Бектеши: Уставните судии треба да внимаваат кога носат сензитивни одлуки кои предизвикуваат тензии

Во врска со протестите кои ДУИ не ги отфрла како можност по уникувањето на „балансерот“, ексминистерот за економија вели дека во тек се состаноци во сите ограноци на партијата на кои се разговара како да се постапи и ги повикува сите да учестуваат во овој процес

На прашањето кој ќе биде моментот кој би ја прелил чашата, Бектеши смета дека актуелната Влада секојдневно прави толку скандали што секој ден треба да се одржува по еден протест од страна на граѓаните

Поранешниот министре за економија и дел од највисокото раководство на сега опозициската ДУИ, Крешник Бектеши не сака да го коментира образложениот на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски за укинувањето на „балансерот“, бидејќи, како што вели, се знае од која провиниенција доаѓа.  

Ексминистерот за еконимија и функционер на ДУИ, Крешник Бектеши во неделното интервју на РСЕ / Фото: Принтскрин

Во врска со овој негов став Бектеши во неделното интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), вели дека Костадиновски на позицијата уставен судија дошол на предлог на поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов. Додава дека тој негативно влијае на меѓуетничките односи во државата и порачува дека уставните судии треба да внимаваат кога ги носат овие сензитивни одлуки.  

„Па тој е предлог на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов и е назначен за судија на Уставен суд во негово време, бидејќи и претседателот има можност да предлага судии. Не сакам него да го коментирам бидејќи тој влијае негативно врз меѓуетничките односи во државата и треба да внимаваат кога ги носат овие одлуки кои се сензитивни и не ја водат државата напред туку ја враќаат назад пред Охридскиот рамковен договор каде што можат да растат тензиите во нашата држава, за жал, а ДУИ работи интензивно за тоа да не се случи бидејќи приоритет на приоритетите е интеграцијата на државата во Европската Унија“,

вели Бектеши.  

Тој не се согласува дека балансерот бил злоупотребен во некои од институциите и смета дека алатката за вработување по етнилки клуч во државните институции требало да се надогради како механизам.  

Но, ова, како што додава не било прифатено како предлог, а сега со укинувањето на балансерот, вели Бектеши, се овозможува секој менанџмент во некоја институција самостојно да одлучува без да се предвид Охрдискиот рамковен договор и неговиот дух.  

Во врска со законот за правична застапеност што го најавува коалицијата „Вреди“ како замена за балансерот, функционерот на ДУИ, вели дека тие како партија би поддржале решение кое ќе обезбеди рамноправна застапеност на сите етнички заедници во институциите.  

„Ние ги поддржуваме сите добри политики, не само за албанската туку и за македонската етничка заедница, но и за другите и во делот на нивните права, но и во делот на општото добро на државата како што е економскиот развој, развојот во други сфери, во социјалните политики. Но, ние треба да имаме драфт на тоа законско решение иако и тој закон треба да има некој механизам кој ќе биде рамноправен за сите етнички заедници да можат да бидат претставувани“,

вели тој.  

Тој во интервјуто го повтори ставот на ДУИ дека се против укинување на одредбите од Законот за примена на јазиците, иницијатива која според најавите наскоро треба да се најде на одлучување пред Уставниот суд. 

Во врска со протестите кои ДУИ не ги отфрла како можност по уникувањето на „балансерот“, ексминистерот за економија вели дека во тек се состаноци во сите ограноци на партијата на кои се разговара како да се постапи и ги повикува сите да учестуваат во овој процес. 

На прашањето кој ќе биде моментот кој би ја прелил чашата, Бектеши смета дека актуелната Влада секојдневно прави толку скандали што секој ден треба да се одржува по еден протест од страна на граѓаните.  

„И не само од ДУИ. Генерално од сите граѓани бидејќи сите имаат поголеми трошоци за се што е потребно за живот. Ништо не функционира. За жал се доведовме во ситуација каде што ни умираат и млади луѓе во болниците каде што не можат да најдат соодветна грижа во нашиот здравствен систем“, вели тој.  

Дали ова ќе биде обидот за дестабилизација на државата од страна на ДУИ како што лестоска изјави премиерот Христијан Мицкоски, ексминистерот за економија вели дека потезите на Мицкоски и на коалицијата „Вреди“ се тие кои водат кон дестабилизација.   

„Тие самите сакаат да дестабилизираат. ДУИ, Ахмети и ние како претседателство на партијата јасно кажавме дека на нашата држава не и треба дестабилизација, ѝтребаат разговори и треба дијалог каде што сите ќе бидат еднакви во оваа држава“,

вели Бектеши.  

- Реклама -