Внимание за 11 октомври: Да не му дозволиме на фашизмот да се повтори во ниту една форма

Граѓаните од Скопје ги прашавме: Зошто парков се вика жена парк или парк жена борец?
Дали знаете некоја жена што била прогласена за народен херој / хероина? Која жена денес вие би ја прогласиле за народен херој?

Граѓаните велат: „Хероини се самохраните мајки, граѓаните кои даваат се од себе да преживеат, да бидат свои“; „Познавам многу жени борци во денешно време, и се гордеам што ги познавам“.
На прашањето „За што се бореле партизаните и партизанките од 1941 година и против кого?“, граѓаните велат: „Против фашистите, а за слобода, мир, правда“, „Се бореле против фашизмот, се бореле за слободата која што денес ние ја уживаме“, „Се бореле против окупатори“.
На прашањето „Што вие би направиле против фашизмот и екстремизмот овој 11 октомври?“, граѓаните велат: „Тешко прашање, фашизмот зема замав многу“; „Да бидеме ние тие кои што на фашизмот нема да му дозволиме да се повтори во ниту една форма. Значи, слобода пред се, смрт на фашизмот“.

С.Ф.С.Н.

- Реклама -