Најмалку 12 загинати од ураганот Милтон на Флорида

Гувернерот на Флорида предупреди дека бројот на загинати се очекува да биде поголем

Најмалку 12 лица загинаа како последица на ураганот Милтон што ја погоди американската сојузна држава Флорида, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на извештаите на локалните власти.

Последици од ураганот Милтон во Флорида / Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис предупреди дека вкупниот број на загинати се очекува да биде поголем.

Во меѓувреме, Националната гарда на Флорида и дополнителни спасувачки екипи се ангажирани на територија на целата сојузна држава по последиците кои ги предизвика ураганот. До четвртокот попладне, според локално време, спасени се најмалку 340 луѓе и 49 домашни миленици.

Последици од ураганот Милтон во Флорида / Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Властите сè уште ја проценуваат штетата од невремето.

„Во некои области, во однос на она што се предвидуваше, некои од најлошите сценарија не се остварија“,

рече гувернерот на Флорида.

Без струја сè уште се оставени околу 3,1 милион домови и деловни објекти.

- Реклама -