Времето денеска: Магловито и облачно утро, но сончево и топло преку ден

Во Скопје наутро ќе има појава на магла и слаба облачност. Во текот на денот ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец

Магловито и облачно утро, а преку денот ќе биде сончево и топло, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денешната временска прогноза.

Оттаму велат дека наутро по одделни котлини ќе има појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот, пак, ќе биде топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

„Најниската утринска температура ќе се движи од 6 до 8 степени, а дневните температури ќе се движат од 18 до 29 степени“,

велат од УХМР.

Во Скопје наутро ќе има појава на магла и слаба облачност. Во текот на денот ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец.

Од УХМР информираат дека утре ќе има зголемена облачност и услови за повремен локален дожд со појава на ретки грмежи. Во сабота ќе дува засилен ветер од северозападен правец.

- Реклама -