Раскинаа Ал Пачино (84) и Нур Алфала (30)


При промоцијата на своите мемоари, Ал Пачино потврди дека неговата врска со продуцентката Нур Алфала е завршена.

Познатиот 84-годишен актер моментално ја промовира книгата Sonny Boy, која го носи името на неговиот тинејџерски прекар. Во интервјуата за промоција на книгата, која ќе излезе на 15 октомври, тој потврди дека со Нур Алфала, која е 54 години помлада од него, официјално раскинале.

Врската беше потврдена во 2022 година

Ал Пачино и Алфала се запознале кон крајот на 2010-тите, а врската ја потврдиле во 2022 година. Во јуни минатата година тие го добија синот Роман, за кој актерот побара тест за татковство.

Според изјавата на медиумскиот претставник на Ал Пачино, Ал и Нур остануваат добри пријатели и заедно го одгледуваат својот син, но не е откриено кога точно раскинале.

За време на својата 57-годишна кариера, Ал Пачино бил во врски со многу познати жени, како Беверли Д’Анџело и Дајан Китон, а има четири деца од три врски.

- Реклама -