Дали Facebook ве здебелува?

Поминување многу време во контакт со вашите пријатели на Facebook ја намалува вашата само-контрола.

Според нова студија со наслов “Are Close Friends the Enemy? Online Social Networks, Self-Esteem, and Self-Control” постои значајна врска помеѓу Facebook и само-контролата. Има доста истражување посветено на откривање на позитивните и негативните влијанија кои  користењето на социјални мрежи го има врз нашето внимание, однесување и исхрана.

Неколку примери: Научници од Велика Британија откриле директна врска помеѓу бројот на Facebook пријатели и големината на нивните мозочни региони. Посебна студија на професор по психологија од California State University, открила дека тинејџерите кои почесто користат Facebook имаат повеќе нарцисистички тенденции.

Ендру Стивен и неговиот ко-автор спровеле неколку студии за мерење на само-контролата на субјектите по минување пет минути на Facebook споредено со контролна група на субјекти кои посетувале сајтови за вести и забава. Тие откриле дека користењето на Facebook е поврзано со повисок индекс на телесна маса и повисоки трошоци.

„Она што е навистина изненадувачки е што овие ефекти беа забележителни по само пет минути поминати на Facebook“ изјавил Стивен. „Се чини дека на луѓето не им е потребно многу време за да се забележи психолошки ефект.“

- Реклама -