Lumia 920 е доста тежок телефон. Со тежина од речиси 200 грама оваа Nokia е многу потешка од новиот iPhone, кој тежи речиси 120 грама – Lumia е голема и тешка и не се срами од тоа.
Се чини дека со нивниот нов Windows Phone компанијата сака да создаде физички претставник за тежината која сака да ја има на пазарот на смартфони. Од сите хардверски партнери на Microsoft кои се посветуваат на Windows Phone платформата, Nokia може да загуби најмногу но може да има и најголема потенцијална придобвика.
Аналитичарите и мобилните оператори велат дека на пазарот на смартфони му е потребна трета платформа која ќе се натпреварува против iOS и Android. И со Windows Phone 8 се чини дека најпосле ќе ја добиеме таа платформа. Ако Windows Phone е успешен Nokia ќе може да има огромен бенефит. Но ако Windows смартфонот не забележи успех Nokia ќе продолжи да стагнира.
Lumia 920 е одлично дизајниран телефон кој изгледа како поголема и посјајна Lumia 900. Телефонот ја има истата четириаголна поликарбонатска школка со заоблени страни и рамни краеви. Но поликарбонатот сега опкружува 4,5 инчен заоблен Gorilla Glass дисплеј. Со заоблените страни дисплејот изгледа пофлуиден од рамниот дисплеј на Lumia 900.
Дизајнот има три физички копчиња – подесувач за гласност, копче за заклучување и копче за камерата – сместени на десната страна. Во внатрешноста има dual-core Snapdragon S4 процесор од 1,5GHz, 32 гигабајти меморија и 1 гигабајт RAM. Тежината на Lumia 920, 185 грама, и нејзините физички димензии се единствените мани на дизајнот.
Но и покрај тежината ова е неверојатен гаџет со два одлични елементи – неверојатен дисплеј и одлична камера. PureMotion HD+ дисплејот со резолуција од 1280×768 пиксели е еден од најдобрите а камерата е неверојатна и го користи истиот PureView софтвер од монструмот со 41 мегапиксел во 808 PureView Symbian но овој пат со скромна камера од 8,7 мегапиксели и Carl Zeiss објектив.