Малолетник загина, а едно лице е повредено во сообраќајка синоќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Малолетник загина, а едно лице се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случи вчера на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во населбата Карпош, соопшти денеска СВР Куманово.

Во сообраќајката учествувало возило „бмв” со албански национални ознаки и мотоцикл ,,јамаха”.

– Вчера околу 21.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален  пат Куманово – Крива Паланка, во населба Карпош – Куманово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од И.Б.(37) од Скопје и мотоцикл  „јамаха“ управувано од малолетник од Куманово. Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал 15 – годишен сопатник на мотоциклот од Куманово, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 16 – годишниот возач на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово, информираше полицијата.

Прочитајте и:  Тројца загинати, едно лице повредено во тешка сообраќајка на патот Прилеп – Битола, во близина на селото Лагово

Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, возачот на патничкото возилот бил лишен од слобода, а возилото и мотоциклот биле предадени на вонреден технички преглед.

- Реклама -