Ако сте перфекционист, вашите гени се виновни

Ако сте перфекционист и секогаш се стремите кон достигнување на невозможни стандарди, тогаш вашите родители се најверојатно виновни.

Според научниците потрагата по совршенство е фамилијарна особина одредена од нашите гени. Студијата налага дека луѓето не стануваат перфекционисти туку се раѓаат како такви. Истражувачите од Државниот Универзитет од Мичиген ја нашол врската проучувајќи близнаци и споредувајќи ги личностите на идентични и неидентични близначки на возраст помеѓу 12 и 22 години.female twins aged 12 to 22.

Идентичните близнаци имаат исти гени, што значи дека ако одредена особина е одредена од воспитувањето наместо генетиката, шансите тие да ја споделат се исти како кај неидентичните близнаци. Но, друга студија открила дека идентичните близнаци се поблиски од гледнат точка на перфекционизам, споредено со неидентичните близнаци.

Ова налага дека перфекционизмот е одреден од гените а не од воспитувањето и зависи од родителите. Доктор Џејсон Мозер, предводникот на студијата, изјавил: „Откривме дека има силна генетска компонента во перфекционизмот. Има и значаен придонес од уникатната средина на индивидуата надвор од неговиот дом. Но не најдовме доказ дека заедничката животна средина придонесува кон перфекционизмот.“

Студијата покажала дека недостиг на перфекционизам – демонстрирање на импулсивност – е исто така генетски одредена карактеристика. Втора студија на 340 близнаци се фокусирала на степенот до кој девојчињата и жените ја прифаќаат идејата дека слабите девојки се поатрактивни.

Во таа студија идентичните близнаци биле послични од неидентичните во тоа колку ги идолизираат слабите познати лица – што може да биде индикатор дека се поподложни да станат перфекционисти.

- Реклама -