Опожарено „ауди“ во движење утрово во Врапчиште

СВР Тетово соопшти дека денес (3 октомври) во 6 часот во Полициското одделение Галате, Ш.Р.(43) од с.Врапчиште пријавил дека околу 05.40 часот настанал пожар во движење во неговото возило „ауди“ со гостиварски регистарски таблички кое го управувал на локален пат во Врапчиште.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, извести полицијата.

Извор