Музичкиот фестивал Андерфест ќе се одржи по шестти пат на 1 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок-ен-рол сцена од нашата држава.
Организаторите најавуваат шест добро познати бендови кои ќе ја размрдаат публиката во Денсинг салата на МКЦ: Миа Перевска, Стефан Петановски, Basement Cult, The Mole Pack, Fiction и Foolish Green.
Продажбата на карти за фестивалот e започната и истите можете да ги набавите онлајн преку веб страницата на МКЦ.