Започнува со работа терминалот за течен природен гас во Александрополис

Во мај 2022 година во присуство на тогашните премиери на Северна Македонија, Грција, Бугарија, на претседателот на Србија, како и на претседателот на Европскиот совет, во Александрополис се одржа свечена церемонија по повод започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (ЛНГ)

Терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во грчкиот град Александрополис од денеска започнува со комерцијална работа, преку кој низа земји од југоисточна и централна Европа, меѓу кои и Северна Македонија, ќе се снабдуваат со природен гас.

Започнува со работа терминалот за течен природен гас во Александрополис

Од „Гастрејд“, компанијата-оператор, велат дека станува збор за еден од најважните енергетски проекти на европско, регионално, национално и локално ниво и кој ќе придонесе за енергетската безбедност и развој, за диверзификација на изворите и рутите за снабдување со енергија на Југоисточна и Централна Европа, „надградувајќи ја улогата и важноста на Грција на модерната енергетска карта на Европа, што ја прави енергетска порта за повеќе од девет земји“.

„Терминалот за ЛНГ ‘Александрополис’, освен од пловната единица за складирање и регасификација (ФСРУ), се состои и од подморски и копнен гасовод за пренос на природен гас, кој го поврзува ФСРУ со грчкиот преносен систем и преку него ќе испорачува природен гас надвор од Грција и до Бугарија, Романија, Северна Македонија, Србија, на исток до Молдавија и Украина, како и до Унгарија и Словачка на запад. Пловната единица, ‘Александрополис’ именувана во чест на градот и неговите жители кои го прифатија овој амбициозен проект од самиот почеток, располага со најсовремена технологија, со максимален капацитет за регасификација од 5,5 милијарди кубни метри годишно“,

соопштија од „Гастрејд“. 

Оттаму посочуваат дека 14 грчки и меѓународни компании комерцијално веќе учествуваат во проектот, искористувајќи го речиси целиот капацитет најмалку до 2030 година и додаваат дека паралелно, почетокот на комерцијалната работа на проектот го означува проширувањето на иницијативата Вертикален коридор, со што значително ја зајакнува својата динамика со цел да се создаде центар за трговија со природен гас во Централна и Југоисточна Европа.

Имплементацијата на проектот започна да се обликува со добивањето на Конечната инвестициска одлука на 27 јануари 2022 година, потоа следеа градежните работи во Александрополис кои напредуваа брзо, а во февруари 2023 година започна изградбата на пловната единица за складирање и регасификација на ЛНГ во Сингапур. Бродот стигна во Александрополис и се закотви на својата постојана позиција на средината на декември минатата година. 

„Со успешното завршување на сите оперативни тестови и издавањето на дозволата за работа од Министерството за енергетика и животна средина минатото лето, проектот беше ставен во оперативна готовност и официјално овозможи отпочнување со комерцијална работа на проектот“,

соопштија од компанијата.

Започнува со работа терминалот за течен природен гас во Александрополис

„Гастрејд“ е првата компанија во Грција која доби лиценца за независен систем за природен гас и го разви и ќе управува со проектот во Александрополис, што е кофинансиран од средства на Европскиот фонд за регионален развој на Европската Унија преку Оперативната програма „Конкурентност, претприемништво и Иновации“ во рамките на НСРФ 2014-2020 година.

Во мај 2022 година во присуство на тогашните премиери на Северна Македонија, Грција, Бугарија, на претседателот на Србија, како и на претседателот на Европскиот совет, во Александрополис се одржа свечена церемонија по повод започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (ЛНГ).

На крајот на март 2021 година, Северна Македонија официјално стана дел од проектот за изградба на терминалот за течен природен гас, откако беа потпишани Меморандуми за соработка на АД ЕСМ и АД Национални енергетски ресурси со компании од Грција,

Тогаш, од тогашната македонска Влада соопштија дека согласно договорот, нашата земја учествува со 25 отсто во гасната централа на природен гас во Александрополис која е 800 мегавати, а проценетата инвестиција во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра и дека е предвидено учество и со 10 проценти од вкупната вредност од 370 милиони евра во инвестицијата во гасниот терминал. 

- Реклама -