(ФОТО) Ураганот „Хелен“ однесе најмалку 60 жртви во САД

Поројните дождови и поплавите ги натераа властите во Флорида, Северна и Јужна Каролина, Џорџија и Вирџинија да прогласат вонредна состојба

Северна Каролина / Фото: ЕПА

Најмалку 60 луѓе загинаа, а милиони се справуваат со катастрофални последици по ударот од ураганот „Хелен“ на југоистокот на САД.

На многу места прекината е мрежата за електрична енергија, уништени се куќи, патишта, мостови и друг тип на инфраструктура.

Поројните дождови и поплавите ги натераа властите во Флорида, Северна и Јужна Каролина, Џорџија и Вирџинија да прогласат вонредна состојба.

Флорида / Фото: ЕПА

Се стравува дека бројот на загинати може да биде поголем.

Првичните проценки се дека ураганот предизвикал штета до дури 100 милијарди долари.

Тенеси / Фото: ЕПА

- Реклама -