Ел Космико, постоечки хотел и камп на периферијата на Марфа, Тексас, се проширува. На 24 хектари земјиште се градат 43 нови хотелски единици и 18 станбени куќи и сето тоа со помош на 3Д принтери.
„Тоа е првиот хотел во светот изграден со 3Д печатење“, вели сопственичката на Лиз Ламберт, а партнери зад проектот се компанијата за 3Д печатење ICON од Остин, Тексас и архитекти од Bjarke Ingels Group.
Ламберт вели дека 3Д технологијата овозможува невидена креативност:
„Повеќето хотели се затворени во четири ѕида и честопати ја градите истата единица одново и одново. Никогаш не сум можела да градам вака, со толку малку ограничувања и со таква флуидност од само заоблени линии, куполи и параболи. Лудо е да се гради на овој начин. Единиците сега можат да имаат архитектонски карактеристики кои инаку би биле премногу скапи за да се реплицираат во голем обем со традиционалната конструкција“, рече Ламберт.
Во изградба се првите две единици од еднокатна зграда со ѕидови високи 3,7 метри, од кои едната е трокреветна, а другата обична хотелска соба. Заоблените, беж ѕидови беа испечатени со помош на Vulcan на ICON, 3Д печатач широк 14,2 метри, висок 4,7 метри, кој тежи 4,75 тони.
Прес техничар го надгледува Vulcan, кој ја користи својата роботска рака и млазницата за да врши печати директно на местото каде што е хотелот..
„Мастилото“ на овој 3Д печатач е специјален материјал базиран на цемент наречен Lavacrete, мешавина дизајнирана за сила, достапност и можност за печатење.
Директорот и основач на ICON, Џејсон Балард, рече дека работниците ги прилагодуваат и мешаат состојките во зависност од временските услови.
„Магијата се случува во адитивите кои ни овозможуваат да продолжиме да печатиме“, рече Балард, додавајќи дека влажноста, температурата и зрачењето влијаат на однесувањето на материјалот, па дури и на крајната боја.
ICON работи и на проект за домување во близина на градот Остин, кој исто така ќе биде изграден со помош на технологија за 3Д печатачи.
„На долг рок, 3Д конструкцијата може да замени некои квалификувани работници. Мислам дека од социјална гледна точка и во однос на влијанието врз економијата, особено врз локалните работни места и оддалечените области, тоа ќе биде еден од предизвиците што треба да ги земеме предвид кога зборуваме за методот на 3Д печатење. “ изјави Милад Базли, предавач по наука и технологија на Универзитетот Чарлс во Австралија.
Проширувањето на хотелто се очекува да биде завршено до 2026 година.
Извор: ХРТ