Уапсен Сириец кој планирал напад со мачета врз германски војници во градот Хоф

Сириец (27) осомничен за радикални исламистички ставови е уапсен бидејќи сакал да убие германски војници со мачети во баварскиот град Хоф, соопшти Oбвинителството.

Обвинетиот набавил две мачети долги околу 40 сантиметри и планирал да нападне и убие што е можно повеќе војници на Бундесверот во Хоф за време на нивната пауза за ручек, се наведува во соопштението.

Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот со нож во Солинген, западна Германија, во кој загинаа три лица во август.

Германија ги зајакнува граничните контроли по неодамнешните смртоносни напади со нож во кои беа вклучени осомничени баратели на азил.

Прочитајте и:  Германски воени бродови минуваат низ Тајванскиот теснец и покрај противењето на Кина
- Реклама -