Северна Кореја за првпат призна дека има капацитет за збогатување ураниум

Како што објавија државните медиуми, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, за време на посетата на контролната соба во постројката за збогатување ураниум, повикал да се зголеми бројот на центрифуги за да се зголеми нуклеарното оружје за самоодбрана

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун повика на зголемување на бројот на центрифуги за збогатување ураниум за да се зголеми нуклеарното производство на оружје за самоодбрана, објавија државните медиуми.

Како што информира Корејската централна новинска агенција (КЦНА), Ким го упатил повикот за време на посетата на Институтот за нуклеарно оружје и производствената база за „материјали за нуклеарно оружје“. Во соопштението не се открива локацијата на објектите, ниту датумот на увидот.

Ова е првпат Северна Кореја јавно да обелоденува постоење на капацитет за збогатување ураниум.

„За време на посетата, Ким ја истакна потребата од дополнително зголемување на бројот на центрифуги за експоненцијално зголемување на нуклеарното оружје за самоодбрана доследно на партиската линија за градење нуклеарни вооружени сили. Ким, исто така, го надгледуваше пробното истрелување на нов ракетен фрлач од 600 милиметри“,

објави КЦНА, а пренесе Ројтерс.

- Реклама -