Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар

Во Гостивар денеска започна со работа нов салон за професионална мануелна терапија, каде клиентите ќе може да искусат врвна професионална масажа и физиотерапија.

Под брендот „ФИЗИО БЕТИ“, овој центар нуди широк спектар на услуги, вклучувајќи релакс масажа, медицинска масажа, козметичка, спортска, антистрес, антицелулитна масажа, дренажа, посттрауматска терапија и многу други, а сертифициран масажен терапевт со повеќе од 10 години работно искуство е Елизабета Трифуноска.

Центарот е опремен со неопходната и врвна козметика за да се обезбеди најдобра услуга за клиентите. Трифуноска нагласува дека во иднина планира и новитети кои ќе вклучуваат нови технологии и производи за уште подобри резултати.

„Relax, Heal, Revive“ е мотото на „ФИЗИО БЕТИ“, кој го претставува целосното искуство што го нуди овој центар – релаксација, заздравување и обновување на телото.

Центарот се наоѓа на ул. Панче Попоски бр. 2/1 во Гостивар (наспроти градски пазар). Добредојдени се сите кои сакаат професионална и лична грижа.

За повеќе информации и закажување, контактирајте на 078667922.
(комерцијална објава)

Извор